-->
-->
Квалификации ЕУРО 2016: Македонија гостува кај Белорусија
-->
Девет натпревари во три групи ќе се одиграат вечерва од последното 10.коло од квалификациите за ЕУРО 2016. Македонија во Борисов ќе гостува кај Белорусија.
Во трите групи познати се четири селекции кои ќе играат на шампионатот, а неизвесна е борбата за второто место во групата Ц, каде Словачка и Укрина имаат ист број бодови и во групата Г, каде Русија има 17 бодови или два повеќе од Шведска.
Во групата Е борбата е за третото место и баражот, каде Словенија е во предност во однос на конкурентите и има три бодови повеќе.
Двојки од 10.коло.
Ц група: Белорусија – Македонија , Луксембург – Словачка, Украина – Шпанија.
Табела: Шпанија 24, Словачка 19, Украина 19, Белорусија 10, Луксембург 4, Македонија 3.
Е група: Естонија – Швајцарија, Литванија – Англија, Сан Марино – Словенија.
Табела: Англија 27, Швајцарија 18, Словенија 13, Естонија 10, Литванија 10, Сан Марино 1.
Г група: Австрија – Лихтенхштајн, Русија – Црна Гора и Шведска – Молдавија.
Табела: Австрија 25, Русија 17, Шведска 15, Црна Гора11, Лихтенштајн 5, Молдавија 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура