-->
-->
Квалификации за ЕУРО 2016: Украина гостин на Македонија
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ ќе го одигра натпреварот од 9.коло од квалификациите за ЕУРО 2016 против Украина. Основна цел на избраниците на селекторот Љубинко Друловиќ е да се постигне позитивен резултат и со тоа би се избегнала последната позиција во групата Ц.
На денешниот дуел од дресот на репрезентацијата ќе се прости голманот Томе Пачовски, кој досега има одиграно 47 натпревари во сите национални селекции на Македонија.
Нашиот вечерашен ривал Украина се наоѓа на третата позиција на табелата со шанса да избори директен пласман на Европското првенство. На вчерашниот прес нивниот селектор Михајло Фоменко истакна дека во оваа група нема слаби репрезентации и дека имаат целосен респект кон Македонија.
Покрај дуелот Македонија – Украина од оваа група се играат и натпреварите: Словачка – Белорусија и Шпанија – Луксембург.
Романскиот судија Овидиу Хатеган ќе го суди натпреварот во Скопје. Почетокот на дуелот е во 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг