Квалитетна филмска програма и познати имиња на 39.издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Квалитетна филмска програма и познати имиња на светската кинематографија се очекуваат на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 22 до 29 септември во Битола, а чии подготовки влегуваат во својата завршница.
Од ИФФК „Браќа Манаки“ соопштија дека годинава ќе има 14 програми, а проширен е и кругот на селектори кои ги обликуваат програмите.
Новина е програмата „Филмски класици - Полноќен јавач“, која вклучува филмови од светската филмска антологија, за кои помладата генерација има можеби само слушнато или прочитано. Селектор на програмата е италијанскиот режисер, кој живее во Битола, Микеле де Анѓелис, а која за публиката ќе понуди четири филма од хорор-жанрот во полноќните фестивалски часови.
Во главната програма, пак, се вклучени најновите филмски продукции на големите мајстори на филмската фотографија, што ја фасцинираа публиката и критиката, во селекција на Благоја Куновски – Доре.
- Оваа година фокус ќе биде ставен на студентската програма. Годинава ќе има студенти од 15 филмски академии, најмногу досега од почетокот на основањето на фестивалот, а тие доаѓаат со свои филмови, по чии проекции ќе има дискусии и разговори. За студентите подготвуваме и средби со филмските автори, кои со нив ќе ги споделат своите искуства, вели директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска.
Од ИФФК посочуваат дека и годинава ќе биде изработен фестивалскиот промотивен видео спот, под режисерската палка на Вардан Тозија.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
