КВАНТИКО
Група млади регрути на ФБИ поминуваат низ ригорозна обука во градот Квантико. Предводени од специјалниот агент Лијам, овие млади агенти ќе треба да го поминат тестот на издржливоста за да станат идните заштитници на американската држава. Тешки задачи, напорни активности и психолошки предизвици ќе ги стават на искушение идните ФБИ агенти, а кој ќе ја помине обуката, ќе зависи од нивната спремност и храброст.
Младата Алекс е една од најистакнатите регрути која ја поминала академијата и која во текот на дејството, ќе биде обвинета за разорниот терористички напад од 11 септември. Најважната задача овој пат за неа е да го најде терористот кој се здобил со најдоверливите информации на ФБИ, а со тоа и да ја одбрани земјата од потенцијални напади.
Игри на нерви и пресврти во новата американска серија за бестрашните ФБИ истражители.
Ново на Сител
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
-

Матичен ќе издава боледување до 5 дена, Фондот ќе проверува дали пациентот е дома
-

Стивнува епидемијата на западно-нилска треска - Двајца пациенти се уште се во критична состојба
