Лагард нема да ја обжали пресудата против неа во Франција и ќе се фокусира на работата во ММФ

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјави дека нема да поднесе жалба на пресудата против неа во нејзината татковина.
Вчера, францускиот суд ја прогласи Лагард за виновна по обвиненијата за небрежност при државно плаќање, што го одобрила како министер за финансии. Одлуката беше донесена во врска со аферата „Тапи-Креди Лион". Судот сепак не наложи никаква казна на Лагард.
Таа призна дека не е задоволна од одлуката, но истакна дека е дојдено време да се „сврти страницата" и да се фокусира на својата работа во ММФ.
Фондот веќе ја потврди својата доверба во својота директорка Кристин Лагард, иако таа беше прогласена за виновна.
Преку соопштение Управниот одбор на ММФ ја потврди „својата целосна доверба“ во способноста на актуелниот директор да продолжи да ги извршува своите функции.
Избрана на чело на меѓународната финансиска институција во 2011 година, Лагард беше реизбрана во јули за втор петгодишен мандат.
Во соопштение од САД, најголемиот акционер во ММФ, исто така се потврдува целосна доверба во менаџерските способности на директорката на Фондот во овој „критичен момент за светската економија".
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
