Лани активни над 70 илјади деловни субјекти, најмногу во трговијата

Во Република Македонија во текот на 2017 година имало 71.419 активни деловни субјекти. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика во однос на 2016 година бројот бележи намалување за 0,1 отсто.
Намалувањето се дожи главно на намалениот број активни деловни субјекти во Трговија на големо и трговија на мало, поправка на
моторни возила и мотоцикли за 379 субјекти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 146 субјекти, секторот Транспорт
и складирање за 97 субјекти.
Во 2017 година, во однос на претходната, секторот Стручни, научни и технички дејности бележи мало зголемување за 330 субјекти.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2017 година најголемо учество имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли со 32,7 отсто и Преработувачка индустрија со 11 отсто. Најмала застапеност имаат секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 0,2 отсто и Рударство и вадење на камен со 0,3 отсто.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработените покажуваат дека најголемо учество од 79,3 отсто имаат деловните субјекти со еден до девет вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број вработени со 11 отсто, па субјектите со 10 до 19 вработени со 4,5 отсто, потоа субјектите со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 2,9 отсто, со 1,9 отсто учествуваат субјектите со 50 до 249 вработени и само 0,3 отсто од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
