Лани повеќе лица станале доктори на науки, магистри и специјалисти

Во текот на минатата година со звање доктор на наука во земјава се стекнале 246 лица, а со магистри и специјалисти 2.440 лица, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, лани 19,4 отсто повеќе лица се стекнале со звање доктор на науки, а кај магистрите и специјалистите зголемувањето изнесува 11,2 отсто.
Најголем број од лицата кои докторирале во 2015 година биле во областа на општествените науки 29,3 отсто, потоа на медицинските
науки 25,2 отсто, следат техничко - технолошките науки со 21,1 отсто, а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, биотехничките и природно-математичките науки.
Поголемиот дел од оние кои одбраниле докторска дисертација се жени 143 или 58,1 отсто, а најголемиот број докторирани лица својата професија ја вршат во образовната дејност.
Од магистрите и специјалистите 2.202 или 90,2 отсто се магистри, додека 238 или 9,8 отсто се специјалисти.
Учеството на жените магистри во вкупниот број лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2015 година изнесува 58,6 отсто.
Во 2015 година, најголем број од магистерските трудови, 1.542 или 70 отсто се од областа на општествените науки, 16 отсто се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
