Латас: Група од млади лица незадоволни од Заев ги извадија книшките на протестот во понеделникот
Во СДСМ веќе постои проблем. За време на протестите на првиот ден, каде што бев и јас, имаше една група од 5-6 млади луѓе, од кои тројца извадија книшки дека од СДСМ гласале, но не за ова. Веројатно ги извадија книшките за да нема ќотеци, за да нема инциденти, демек еве тука се уфрлиле провокатори, покажаа дека не се провокатори, луѓето ги примија и потоа никој ништо не забележуваше. Ова беше кажано пред 30 – 40 лица, гледавме сите од страна, изјави во емисијата „Миленко Неделковски Шоу“ новинарот и уредник Драган Павловиќ- Латас.
-Постои една група која гледа што се случило, тоа се гласачи, не членови на СДСМ. Постои двоумење, гледаш и на социјални мрежи, гледаш секаде, доаказот ти е пред очи ако сакаш да го видиш, ако не сакаш да го видиш и нема да го видиш, рече Латас.
Тој нагласи дека ниту ДУИ, ниту СДСМ не излегле пред избори со платформата.
-Гласаа луѓе за Заев не знаеја зошто гласаат, гласаа за инат на ВМРО. Гласаа, изборите завршија, СДСМ и ДУИ си го ставија гласовите во џеб и излезе платформата. Измамени се луѓето.. политички гледано тоа е класичен пример на измама, Платформата е крупно прашање. Замислете Груевски да добие 63 пратеници и да каже сега ќе го менувам името, рече Латас.
Ново на Сител
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
-
Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка
-
Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да се стават во опасност односите со Грција и ЕУ перспективата на земјата