-->
-->
Лавров: Блискиот Исток е на работ на тотална војна
-->
Блискиот исток е на работ на тотална војна, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и побара итен прекин на огнот во Појасот Газа.
„Невидената бруталност и уништување предизвикани од војната во Газа доведоа до силна ескалација на либанско-израелскиот конфликт.
Блискиот исток е на работ на тотална војна“, рече тој на состанокот на Советот за безбедност во Њујорк во врска со ситуацијата во Газа.
Израелската армија синоќа соопшти дека извршила нови напади врз објектите на групата Хезболах во Либан, а претходно од воздух го гаѓала главниот воен штаб на вооруженото исламистичко движење во Бејрут.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура
-
Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при јавен превоз со товарно возило