-->
-->
Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп
-->

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека европските земји сакаат украинскиот конфликт да се претвори во војна на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Европејците сакаат оваа војна да стане војна на Доналд Трамп. Тоа е чист мелем за нив. Во моментов тие не знаат како да ги украдат нашите резерви. Францускиот претседател Макрон рече дека никогаш нема да го дозволи тоа бидејќи тоа е кражба. Барем има одредено разбирање во Елисејската палата, рече Лавров во интервју за весникот „Комерсант“.
Тој додаде дека Европската унија ги игнорира руските повици за разговори во врска со дроновите што го нарушија воздушниот простор на неколку европски земји, за што ја обвинуваат Русија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
-

„Дојче Бан“ соопшти дека се обновува железничкиот сообраќај во Германија
-

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
-

Оман создаде привремен морски коридор низ Ормуска Теснина
-

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница
-

СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар
