-->
-->
Лавров: Изјавите на Бајден за намалување на нуклеарното вооружување без предуслови се измама
-->
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера рече дека изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за подготвеноста на Вашингтон да преговара со Русија за намалување на нуклеарното оружје без предуслови се „измама“.
„Повикот да се зборува за стратешка стабилност, за контрола на нуклеарното оружје без предуслови е измама.
Што значи ‘без предуслови’? Тоа значи дека Американците го задржуваат правото да не прогласат за непријател во нивните доктринарни документи“, изјави Лавров за „Аргументи и факти“.
Бајден претходно изјави дека светот треба да се залага за целосно елиминирање на нуклеарниот арсенал, а ја потврди и подготвеноста на САД да преговараат со Русија, Кина и Северна Кореја во оваа насока.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла