-->
-->
Лавров: Москва е загрижена за случувањата околу Северна Кореја
-->

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека има многу голем ризик од воен судир за севернокорејската ракетна програма, како и дека Москва е многу загрижена заради заканите со напад што си ги разменуваат Пјонгјанг и Вашингтон.
- Посилната и попаметната страна мора да го преземе првиот чекор за да ја ублажи кризата, рече Лавров на форум за руски студенти, пренесоа британските медиуми.
Тој ги охрабри Пјонгјанг и Вашингтон да му се придружат на руско-кинескиот план, според кој Северна Кореја треба да ги откаже ракетните проби, а САД и Јужна Кореја да воведат мораторијум на воени вежби оф големи размери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
