Лавров: Руските напади доведоа до пресврт на ситуацијата во Сирија

Воздушните напади на руската армија како поддршка на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад, помогнаа да се направи пресврт во ситуацијата во Сирија, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
- Дејствувањето на руското Воено воздухопловство, како одговор на барањато на сириските лидери, навистина помогнаа да дојде до пресврт во ситуацијата во земјата и да се намали територијата која ја контролираат терористите, посочи Лавров.
Руската авијација секојдневно спроведува од 70 до 100 летови на воените авиони, како поддршка на офанзивата на сириската армија и патриотската опозиција во борба против терористите.
Русија и Сирија во август минатата година потпишаа договор во Москва, со која се одобрува руско воено присуство на сириска територија.
Ново на Сител
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
