Лавров: За секоја акција постои реакција

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи го воведувањето санкции од западните земји против Русија, синоќа изјави дека „за секоја акција постои реакција“.
– Животот низ вековите докажа дека за секоја акција постои реакција, рече Лавров за време на пленарната седница на министерскиот состанок на Форумот за партнерство Русија-Африка, пренесува „Известија“.
Тој нагласи дека Русија претпочита да се фокусира на координација на работни и ефикасни механизми кои ќе помогнат во обезбедувањето на трговските и економските врски и ќе ги направат независни од оние кои „ги кршат сите принципи на меѓународното право“ и „прибегнуваат кон уцени и притисоци“.
Ден претходно, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта соопшти дека учесниците на самитот на Европската унија одлучиле да ги продолжат санкциите против Русија за шест месеци. Според него, на самитот на ЕУ е одлучено да се наложи на Европската комисија да ја продолжи работата на „репарациониот кредит“ за Киев користејќи го замрзнатиот руски имот.
МИА
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
