Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров е презадоволен од изданието на неговите избраници на денешниот натпревар со Катар.
Македонија во 2. коло од Групата-2 на Мундијалот забележаа победа со 39:34, втора на шампионатот.
– Честитки за ракометарите, за она што го даваат за Македонија. Тешко е петти натпревар да се игра со ваков висок интензитет. Но момците покажаа дека сме на вистинската насока. Верувам во оваа репрезентација. Единствено ни недостига искуство кое се стекнува преку вакви натпревари. Победата ја посветуваме на нашите навивачи. Ни претстои дуелот со Франција. Имаат страшен тим. Немаме што да изгубиме на тој меч. Ќе се обидеме на друг начин да играме. Во секој случај ќе биде извонредно тешко со Французите, истакна Лазаров.
Во моменталниот поредок, Македонија е на 3. место на табелата со четири бодови и со теоретски шанси за четвртфинале.
Ново на Сител
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
