-->
-->
Лаж: Ќе одиме во Барселона да победиме и да се пласираме во следната рунда
-->

Тренерот на Бенфика, Бруно Лаж, верува во успех на неговиот тим во пресметката со Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите и покрај синоќешниот пораз (0:1) во првиот меч.
- Можевме да го отвориме резултатот веќе во 20. секунда. Имавме уште една голема шанса на крајот. Имавме добри моменти во текот на целиот натпревар, резултатот можеше да биде поинаков. Мораме да ја преземеме заслугата за она што го направивме против одличен тим и да се опоравиме што е можно побрзо. Ќе одиме во Барселона за да победиме и да се пласираме во следната рунда, изјави Лаж по натпреварот.
Реваншот ќе се одигра на 11 март во Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Служба за Брза помош од внатрешноста без основни лекови - Двајца директори на клиники незаконски си зголемиле плати
-

СДСМ: Дали власта внесува сомнителен капитал во Македонија?
-

Реакции по предлогот полициски инспектор да стане член на Судски совет
-

На пола милион граѓани во Македонија годинава им бил побаран поткуп, а 448 илјади дале мито
-

Во голема акција разбиена група која организирала нелегално коцкање во Скопје - Осомничени 8 лица
-

ДДВ-то од 18% за малите пратки од Тему и Али Експрес е вклучено во цената која ја плаќаат граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Банкарот на Вучиќ станал банкар на Мицкоски
