Лажна пријава за разбојништво во спортска обложувалница во Долно Палчиште

Ш.М. (25) од тетовска Голема Речица вчеравечер лажно пријавил дека околу 20 часот додека бил на работа во спортска обложувалница во Долно Палчиште врз него било извршено разбојништво од три непознати, маскирани, вооружени лица, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според телефонскиот исказ на Ш.М. тројцата маскирани набрзина влегле во обложувалницата, насилно му го одзеле дневниот промет, го демолирале објектот, потоа го извлекле надвор и го фрлиле во блиската река од каде тој телефонски го пријавил разбојништвото. Потоа тој бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му била укажана помош и нешто подоцна бил пуштен.
- За кусо време полициски службеници на СВР Тетово преземaјќи соодветни мерки и активности утврдиле дека Ш.М. целосно ја измислил приказната односно дека го фингирал разбојништвото откако претходно во обложувалницата загубил поголема сума пари играјќи разни хазадерски игри и не бил во можност да ги врати. За лажното пријавување на разбојништвото а во консултација со јавен обвинител против Ш.М. ќе следува поднесок, изјави Јосифовски.
Тој посочи дека во СВР Тетово само во текот на минатиот месец биле регистрирани најмалку десетина лажно пријавени настани претежно кражби и разбојништва при што најголемиот број од нив веќе се целосно расветлени, а пријавителите ќе се соочат со соодветни поднесоци согласно членот 366 од Кривичниот законик на Република Македонија. За лажно пријавување на кривично дело според овој член предвидена е затворска казна од три месеци до три години.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
-

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
