Лажни информации за киднапирање деца во Гевгелија
По барање на градоначалникот Сашо Поцков, СВР Струмица издаде соопштение со кое преку надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија го известува населението дека на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност во Гевгелија не се пријавени никакви обиди за киднапирање, ниту за убиства на деца.
Во соопштението, заради смирување на јавноста, децидно се наведува дека станува збор за лажни вести што ги шират неодговорни поединци со цел да внесат страв меѓу граѓаните и се апелира до јавноста да не наседнува на лажни гласини и шпекулации кои претежно се пласираат преку социјалните мрежи.
Истовремено, контактирани се сите училишта и јавни образовни установи за да им се укаже на одговорните лица и вработените дека станува збор за лажни вести.
Од надлежните државни органи градоначалникот Поцков побара против лицата што шират лажни информации преку социјалните мрежи да се преземат санкции согласно законските одредби
Ново на Сител
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба