Лажни полицајци во Охрид ограбиле албански државјани
Непознати лица кои лажно се претставиле како полицајци вчера во Охрид успеале да измамат тројца албански државјани и од нив да украдат две чанти во кои имало патна исправа, лични карти, четири мобилни телефони, 4.000 американски долари, 450.000 леки, 730 евра, 60 турски лири, 300 денари, 350 канадски долари и 10 франци.
Случајот го пријавил вчера вечер еден од оштетените.
А.Д. (32) од Тирана и С.М. (38) и Г.Г. (37) од Елбасан околу 20:10 часот се движеле по улицата „Крум Точко“ кога биле пресретнати од патничко возило „фолксваген голф 5“ со непознати регистарски ознаки. Од возилото излегле две непознати машки лица. Едното имало елек на кој пишувало полиција, а другото било вооружено. Им рекле на А.Д., С.М.и Г.Г. да легнат на земја и им извршиле претрес, по што им ги одзеле чантите и се упатиле во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици