Лажни полицајци во Охрид ограбиле албански државјани
Непознати лица кои лажно се претставиле како полицајци вчера во Охрид успеале да измамат тројца албански државјани и од нив да украдат две чанти во кои имало патна исправа, лични карти, четири мобилни телефони, 4.000 американски долари, 450.000 леки, 730 евра, 60 турски лири, 300 денари, 350 канадски долари и 10 франци.
Случајот го пријавил вчера вечер еден од оштетените.
А.Д. (32) од Тирана и С.М. (38) и Г.Г. (37) од Елбасан околу 20:10 часот се движеле по улицата „Крум Точко“ кога биле пресретнати од патничко возило „фолксваген голф 5“ со непознати регистарски ознаки. Од возилото излегле две непознати машки лица. Едното имало елек на кој пишувало полиција, а другото било вооружено. Им рекле на А.Д., С.М.и Г.Г. да легнат на земја и им извршиле претрес, по што им ги одзеле чантите и се упатиле во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст