Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
Дефицитот на биолошка терапија на Онкологија ќе биде надминат, но дали тоа долгорочно ќе ги реши маките и голготата на најтешко болните? 6-те лека кои се дефицитарни десетина дена наредната недела ќе им бидат достапни на пациентите, добило ветување Здружението Хема Онко по вчерашниот состанок со Таравари. Но како што велат, никој не знае дали овие патешествија можат повторно да се случат и покрај најавите дека буџетот за 2025 за клиниката ќе биде значително зголемен.
- Тука се јавува прашањето дали е зголемувањето доволно, дали точно знаеме колкави се бројките, дали сме во можност да педвидиме точно колкави ќе бидат побварувањата за 2025 за да не дојдеме повторно во оваа ситуација. Но времето ќе покаже дали овој буџет што е зголемен ќе биде доволен за епидемијата што се случува на Онкологија, вели Ана Марјановиќ од Хема Онко.
Од Хема Онко велат дека агонијата на онколошките пациенти е континуирана. Болните водат битки на повеќе фронтови а проблемите се решаваат, меѓутоа бавно. Затоа бараат на државно ниво да биде донесе канцер план, односно долгорочна стратегија со која јасно ќе се знае и бројот и начините на третман.
- Од ова што е голгота на Онкологија изминатите години смо така ќе излеземе. Се останато е само гаснење на пожари, краткорочни мерки кои ќе превенираат нешто, меѓутоа проблемот со 5000 нови пациенти не се решава доколку немаме долгорочна стратегија како ќе се бориме против канцерот, вели Марјановиќ.
А и денеска не изостанаа партиските обвинувања за Онкологија. ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да почне со истрага а од СДСМ очекуваат оставки.
Овој хаос на Онкологија е доказ за системската неодговорност и неспособност на раководните лица во здравствениот систем и мора да има одговорност! Бараме итна оставка од:
• Директорите на Клиниката за онкологија,
• Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски,
• Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави Симона Цветановска од СДСМ.
- Го повикуваме ФЗОМ да ја објави вистината за екстра профитите на мафијата на смртта, и колку секоја година некој става во џеб, а пациентите не го добивале тоа што треба.
Го повикуваме ЈО да не чека и да почне да постапува.
Не може цела држава да биде заложник на една веледрогерија со блиски релации со опозицијата. Изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ
Следен чекор според пациентите е решавањето на гужвите на Онкологија бидејќи тие чекаат со часови за преглед а лекарите и медицинскиот персонал работат под притисок.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар