ЛЕ: Адеми ја мина групната фаза, Елмас ќе чека разврска во последното коло
Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми обезбеди „европска пролет“ со Динамо Загреб во Лигата на Европа (ЛЕ), додека неговиот репрезентативен колега Елиф Елмас шансата да ја мине групната фаза со својот Наполи ќе мора да ја бара во последното коло.
Адеми го одигра целиот меч и запиша асистенција во триумфот на Динамо на гостински терен кај Феенорд од 2:0 во претпоследното коло во К-групата.
За македонскиот репрезентативец ова беше 77. „европски“ натпревар во дресот на Динамо со што постави нов клупски рекорд, додека хрватскиот првак стана првиот клуб во ЛЕ кој ја минал групната фаза без примен гол.
Елмас влезе од клупата за резерви и одигра половина час во ремитото на Наполи на гостувањето кај АЗ Алкмар од 1:1 со што разврската во Ф-групата е пролонгирана за идниот четврток во последното, шесто коло.
Риека на Дарко Велковски со бод се прости од ЛЕ, откако одигра 2:2 на гости против Реал Сосиедад во меч во кој македонскиот репрезентативец го постигна водечкиот гол за хрватскиот тим.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра