Кошарка
30. јуни 2016 - 15:06

Лебро Џејм се предомисли, не останува во Кливленд

 
Само неколку дена по освојувањето на шампионскиот трофеј во НБА лигата, при величенствениот дочек во Кливленд, првата ѕвезда на „Кавс’’ Лерон Џејмс изјави дека е среќен во Кливленд и дека не размислува да го напушти, сепак Џејмс се предомисли. 
 
Имено, Леброн Џејмс се откажа од нов договор, па на 1 јули тој ќе стане слободен (агент) играч. 
 
Како што пренесуваат медиумите од САД, ова го потврди и агентот на играчот Рич Пол потенцирајќи дека дека неговиот клиент трето лето по ред ќе биде слободен играч и дека наскоро ќе го објави името на неговиот нов клуб. 
 
Едноставно, Леброн сака да го искористи зголемувањето на „селари-капот“ и да го замени сегашниот договор вреден 24 милиони долари со нов кој би го приближил до бројката од 30 милиони долари.