Леброн Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на НБА
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се запиша во историјата на НБА-лигата како најефикасен играч.
Триесет и осумгодишниот Американец постигна 36 поени на натпреварот со Оклахома одигран изутринава во Лос Анџелес. Леброн сега има 38.388 поени на своето конто. Тој го собори рекордот на Карим Абдул-Џабар од 38.387 поени во текот на неговата кариера.
Абдул-Џабар ги постигна своите последни поени во регуларниот дел од сезоната во НБА на 24 април 1989 година, кога Леброн имаше само 4,5 години.
Џејмс ги постигна своите први поени во НБА на 30 октомври 2003 година. Така, му требаа 19,5 години да го собори рекордот на Џабар.
Инаку, Лејкерс загубија од Оклахома со 133:130 и со биланс 25 победи и 30 порази се на 13. место во Западната конференција.
Ново на Сител
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови