-->
-->
Леброн тешко повреди гледач!
-->
Сите навивачи кои во НБА арените ги имаат најдобрите места за седење, веднаш до самиот терен, треба да бидат свесни дека некој кошаркар би можел да налета на нив. Токму тоа и се случи на сопругата на австралискиот голф играч Џејсон Деј, Ели Деј.
Деј која го следела мечот Кливленд-Оклахома (104:100), во последната четвртина имала ’блиска’ средба со Леброн Џејмс. Имено, Џејмс во обид да спаси една топка која летала во аут, се фрлил по неа и налетал директно на несреќната Ели Деј.
Леброн не успа да ја спаси топката, но сериозно ја повредил Ели, која неколку минути лежела додека и била укажувана лекарска помош, а потоа на носилки била префрлена в болница.
Веднаш по инцидентот Џејмс се вратил на теренот, но за време на првиот тајм-аут, отишол да провери како е Ели Деј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парада на гордоста
-
Почна расправата за новата влада
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Почна расправата за избор на новата влада
-
Високите температури направија хаос на Задушница: Луѓето со часови чекале автобус за да отидат на гробишта
-
Се води битка со пожарите
-
Анализа: Како се случи енергетскиот колапс во регионот?
-
Колку ќе заштеди здравството со укинувањето на организациските директори?