-->
-->
Ледријан: Франција ќе го поддржи ослободувањето на Рака
-->
Францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле дриан изјави дека Франција ќе ги поддржи воздушните удари во офанзивата против ИД во Рака, во северна Сирија.
Тој во изјавата за француското радио „Јуроп 1“ нагласи дека „локалните територијални сили“ треба да ја преземат Рака со воздушна поддршка на француските, американските и другите коалициони сили.
Сириските демократски сили, групата предводена од Курдите која ги вклучува и арапските борци, и која воздушно ја поддржува САД, вчера најави офанзива.
Рака е де факто престолнина на самопрогласениот калифат на ИД.
Франција одамна се сомнева дека ИД го планирала минатогодишниот напад на Париз во Рака.
Франција започна воздушна операција против ИД во Ирак во 2014 година, а во Сирија во 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка