-->
-->
Легендарниот голман размислува за пензија?!
-->

Наредната натпреварувачка сезона 2017/2018 кога му истекува договорот со Вардар, може да биде последна во кариерата за еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња, Арпад Штербик.
Некогашниот репрезенттаивец на Југославија, а потоа на Шпанија, размислува да стави крај на импресивната кариера кога ќе му заврши договорот со најдобриот македонски клуб Вардар во 2018 година.
Штербик кариерата ја започна во Југовиќ, потоа се пресели во Веспрем каде мина три години, по што се сели во Шпанија каде во периодот од 2004 до 2014 година бранеше за Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона. Во Вардар пристигна во 2014 година, а Шпанците тогаш пишуваа дека македонскиот шампион на Барселона и платил обесштетување од 800.000 евра.
Арпад Штербик во 2018 година ќе има речиси полни 39 години, поради што и размислувал за крај на кариерата.
Во клупската кариера голманот има освоено вкупно дванаесет шампионски и осум Куп титули во Унгарија, Шпанија и Македонија и три во Лигата на шампионите. ИХФ во 2005 година го прогласи за најдобар ракометар во светот.
На репрезентативно ниво има две бронзи од светските првенства со Југославија (1999 и 2001, светска бронза со Шпанија во 2011 и титула светски првак со Шпанија во 2013.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
