Балкан
2. March 2017 - 10:32

Лекарите од државните болници на Грција почнуваат 24-часовен штрајк

Државните болници во Грција денеска ќе примаат само итни случаи поради 24-часовниот штрајк на лекарите, кои протестираат против новиот закон за осигурување. 

Штрајкот е поддржан од лекарскиот синдикат, кој ги повика своите членови да учествуваат во протестот и во планираниот за денеска митинг пред Министерствто за труд во Атина.

Лекарите бараат намалување на трошоците за осигурување, за итна исплата на долговите на државата кон социјалното осигурување и за пронаоѓање средства за осигурителните каси.