Ракомет
5. May 2016 - 18:59

Лекиќ: Шансите со Букурешт ни се 50-50

Ракометарките на Вардар пристигнаа во Будимпешта и веднаш во хотелот беа „пречекани“ од новинарските екипи и ги дадоа првите изјави. Ова за „вардарки“ е трето учество на Ф4 турнирот во Будимпешта во борба за шампионската титула. Двапати Вардар губеше од Будуќност и го освојуваше третото место.
 
Во рамките на групата Вардар во дванаврати пак славеше победи на ривалот во сабота романски Букурешт (22-21 во Скопје и 30-25 во Букурешт).
- Мислам дека не очекува тежок натпревар со Букурешт, иако сите зборуваат дека ние сме фаворити. Шансите на овој дуел се 50-50. Ќе треба да одиграме два силни натпревара во 24 часа, затоа работевме напорно и одиме на победи, изјави Андреа Лекиќ.
 
Според планот Вардар вечерва треба да одржи и тренинг во Будимпешта.