Леонардо ди Kаприо во новиот филм „Before the Flood“ повикува на свест за глобалното затоплување
Активностите на оскаровецот Леонардо ди Каприо за климатските промени се одамна познати, а овојпат својата слава ја искористи за кревање на свеста за овој проблем и тоа по пат на документарниот филм „Before the Flood“.
Овој филм го следи глумецот ширум светот при истражувањето на влијанијата и решенијата за глобално загревање. Филмот, во режија на оскаровецот Фишер Стивенс, ќе се емитува на каналот Нешнел Џеографик во 171 земја на 45 јазици.
Филмот исто така, ќе биде достапен за бесплатно гледање по пат на широк спектар дигитални и социјални платформи од 30 октомври до 6 ноември, вклучувајќи ги Фејсбук, Твитер, Јутјуб, Амазон Хулу, Гугл плеј и многу други.
Ди Каприо и Нешнел Џеографик во соопштението наведуваат дека филмот ќе делува мотивирачки пред претседателските избори во САД на 8 ноември.
- Не постои поголема опасност за иднината на нашето општество од климатските промени и тоа мора да биде топ тема за бирачите на изборите оваа година, истакна Ди Каприо.
Ново на Сител
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција
-
Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред
-
На првиот ден од мај променливо облачно и топло, попладне локален дожд
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив