Леонида Гроздановска најуспешна на првиот Октомвриски коњички турнир и трето коло од Отвореното лига-првенство
– Леонида Гроздановска од клубот Анималс доминираше на денешниот, прв Октомвриски коњички турнир и 3. коло од Отвореното лига-првенство во прескокнување пречки одржан на терените во Дрма, скопско.
Резултати на натпреварот „Одбери свој пат“ висина на пречките 0,95 м.: 1. Леонида Гроздановска со грлото Нур од КК Анималс 2. Силја Дуковска со грлото Најтингел од КК.Анималс и 3. Цветанка Георгиев со грлото Чарли од КК Бравадос. Втор натпревар „Растечки потешкотии“ од 0,95 – 1,25 м со Џокер: 1. Леонида Гроздановска со грлото Прециоус од КК Анималс 2. Леонида Гроздановска со грлото Нур од КК Анималс 3. Силја Дуковскиа со грлото Најтингел од КК Анималс. Според натпреварувачкиот календар на Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија остануваат уште два Октомвриски турнири.
Ново на Сител
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка