Џет-Сет
18. February 2016 - 12:45

Лепа Брена: Не ме крева кокаинот туку музиката

Популарната фолк пејачка Лепа Брена моментално престојува во Лондон, од каде најави концерт, но на малку необичен начин кога таа е во прашање.

Брена откри дека ја покренува музика, додека некои други луѓе бараат стимуланс во кокаинот и алкохолот.

-Многумина бараат стимуланс во пијалокот, кокаинот и слично, но мене ме покренува музиката. Музиката и таа размена на љубов и енергија со публиката на концерт, вели Брена.

Лепа Брена моментално се одмара и ги полни батериите за обврските што ја очекуваат при враќањето во Белград. Времето го користи за разгледување на англиската престолнина и посета на сите знаменитости што ја красат.