-->
-->
„Лесновските ѕвона“ во ДПМ во чест на поетот Чедо Јакимовски
-->

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе ја организира манифестацијата „Лесновските ѕвона“ - портрет на поетот Чедо Јакимовски, со што ќе одбележи 25 години од неговата смрт.
- Чедо Јакимовски е поет и боем, најзначаен претставник на постсимболистичката струја во современата македонска поезија, соопшти ДПМ.
За творештвото на Јакимовски ќе зборува писателот Христо Петрески, стихови ќе чита актерот Страшко Милошевски, а ќе учествува и музичкиот состав „Кратовски тамбураши“ со изведба на староградски песни.
Чедо Јакимовски е роден во Кратово во 1940 година. Автор е на книгите „Нарциса“, „Лажно море“ и „Халеевата комета“. Членуваше во ДПМ од 1966-та, а почина во 1993 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
