-->
-->
Лестер со победа ја прослави шампионската титула
-->
Фудбалерите на лестер на најдобар можен начин со победа над Еврртон го прославија освојувањето на шампионската титула во англиската Премиер лига.
Најпријатното изнанадување оваа сезона, не само во англискиот туку и во европскиот фудбал, тимот на Лестер шампионската титула ја прослави пред својата публика со победата над Евертон со 3-1 во дуелот од претпоследното 37.коло во Премиер лигата.
Најдобриот стрелец на „Лисиците’’, Џејми Варди постигна два гола, а во листата на стрелците се запипиша и Енди Кинг. Голот за Евертон го постигна Кевин Миралас.
На останатите натпревари одиграни денеска беа постигнати овие резултати: Норвич - Манчестер Јунајтед 0:1, Бурнемут – ВБА 1:1, Астон Вила – Њукасл 0:0, Кристал Палас – Стоук 2:1, Сандерленд – Челзи 3:2, Вест Хем – Свонси 1:4 .
За утре закажани се натпреварите: Тотенхем – Саутемптон, Манчестер Сити – Арсенал и Ливерпул – Ватфорд.
Табела: Лестер 80 бодови, Тотенхем 70, Арсенал 67, Манчестер Сити 64, Манчестер Јунајтед 63, Вест Хем 59, Сутемптон 57, Ливерпул 55... Сандерленд 35, Њукасл 34, Норвич 31, *Астон Вила 17.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето