Летале чаши и шишиња: Три момчиња се степале за девојка во центарот на Скопје, двајца завршија во болница
Ноќеска во 02.40 часот во угостителски објект на булевар "Св. Климент Охридски" нарушен е јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.
Излезено е на местото на настанот од страна на полициски службеници, при што е констатрано дека А.Д.(20) од едната страна и В.П.(25) и Д.М.(26) од другата страна сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка при што истите се удирале со флаши и чаши меѓу себе.
Причина за нарушувањето е меѓусебно недоразбирање во врска со девојка.
На Д.М. и В.П. им е укажана лекарска помош во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде им се констатирани телесни повреди, додека кај А.Д. не се забележани видливи повреди.
Поднесени се три записници за констатаиран прекршок по член 5 и член 11 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи