Летен регионален универзитет во Струга
Зголемување на визибилитетот на францускиот јазик и неговото засилување во образовниот ситем на земјите од Балканот и ЈИЕ, е целта на 21-то издание на Летниот регионален универзитет во Струга.
Летниот регионален универзитет е во организација на Францускиот институт во Скопје, во соработка со Францускиoт институт во Србија и Амбасадите на Франција во Албанија и во Косово и претставува значајна обука за професорите по и на француски јазик на Балканот и во Југоисточна Европа. Целта на Летниот универзитет е земјите учеснички на обуката да создадат поврзаност и размени помеѓу професионалците од сите земји.
Настанот предвидено е да го отвори амбасадорот на Франција во нашата земја Кристијан Тимоние, а со воведно предавање на тема „Кога книжевноста го носи вкусот на патувањата“, ќе се обрати и Жан-Лик Коаталем, новинар, историчар, писател и гостин од Франција.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа

