-->
-->
Лев: Не ги обвинувам судиите, загубивме несреќно
-->

Германија е елиминирана од ЕП во Франција и тоа од домаќинот од кој загуби во полуфиналето со 2-0.
Многу контроверзи предизвика досудениот пенал за Французите од страна на италијанскиот судија Рицоли. Сепак првиот стратег на „панцирите“ Јоаким Лев не сакаше да се крие зад судиите:
„ Не зборувам за одлуките на судиите тие мора да се прифатат. Не знам но постои правило ако раката не е до телото...Ако погледнете добро Швајнштајгер ја допре топката во дел од секундата, тоа е несреќа...Можеби раката не требаше да биде тука но постојат движење за време на скокот и за мене играчот не е виновен„ - смета Лев кој на крајот резимираше дека загубил подобриот противник.
„ Игравме подобро од Франција имавме свои шанси но не ги реализиравме. Мислам дека пресуди несреќниот гол во финишот од првото полувреме. Ако во полуфинаелето на ЕП 2012 и СП 2010 бевме надиграни овојпат заслуживме повеќе бидејќи го надигравме противникот“- вели Лев кој мораше на оваа средба да игра без Хумелс, Кедира и Круз а во текот на мечот се повреди и Боатенг.
Франција во финалето в недела ќе игра против Португалија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
