Левица: Измените на Законот за социјална заштита се на штета на лицата со попреченост

Неколку родители обелоденија дека нивните деца со Даунов синдром нема повеќе да земаат паричен додаток, откако новоформираната Служба за функционална проценка не можела да го утврди степенот на попреченост?!
Левица претходно алармираше дека измените на Законот за социјална заштита се на штета на лицата со попреченост, но оваа ненародна Влада во февруари минатата година сепак ги изгласа - и тоа во скратена постапка.
Вака донесените законски измени ја укинаа стручната служба составена од специјалисти, која што даваше наод и мислење, и истата се замени со Служба за функционална проценка - која сега ги укина надоместоците на лицата со Даунов синдром! За оваа Служба воопшто не се знае во каков состав е и каква точно надлежност има, додека досегашните стручни тимови беа составени од тројца доктори специјалисти, кои што даваа стручен наод и мислење за состојбата или дијагнозата на лицата со попреченост.
Исто така, со овие измени во законот, лицата со попреченост кај кои што е констатирана трајна состојба (како што се лицата со Даунов синдром) се принудени за да ги остварат своите права, повторно еднаш годишно да бараат наод и мислење од институциите, иако нивната состојба е трајна со што постои опасност да бидат одбиени, како што сега тоа е случај.
Ваквите скандалозни измени го отсликуваат лицемерието на социјалдемократската влада, која наместо да ги заштити ранливите категории на граѓани – истата ја дозагрозува нивната положба во општеството.
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица
Ново на Сител
-

Хeмичaрот кoј дoби „Инжeнeрски прстен“ од државата | Кирил Христовски - ПМФ | Sitеl Pоdcаst 138
-

Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата
-

ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија
-

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
