Левица: Нека ни е честит денот на трудот
Пред повеќе од еден век, на први мај, работникот високо ги крена гласот и тупаницата на класната борба. Како тогаш, така и сега, нашата борба е обединета во вредностите кои се врежани во работничката класа, а тоа е желбата за достоинство и братска љубов помеѓу народите, за конечно разбивање на спрегите од капиталот.
Зошто некој да има се, а некој ништо и какви се нивните судбини? Запишано им ли е засекогаш да бидат сиромашни? За што тогаш ни служи законодавниот дом? За што ни служи здравиот разум? И нема никогаш да здивне виорот на неправдата, се додека не се задоволи социјалната правичност. Нема мир, во отсуство на егзистенцијална сигурност.
Токму во законодавниот дом на Република Македонија, таму каде што во 90тите се гласаше на крадење на судбините на работниците, сега децата на тие работници, преку Левица ја претставуваат волјата на обичниот човек. Како крик на потчинетите, и суд за неправедностите, единствената работничка партија која се бори за враќање на достоинството и работничките права во нашето општество, Левица е опасност по експлоататорите.
За само година и половина, со два пратеника во Собранието на РМ, поднесовме десетина законски решенија за унапредување на работничките права како исплата на платите до 5-ти, зголемвуање на минималната плата, воведување на работничка апанажа, намалвуање на горната граница за договори на определено време, гарантиран откуп на земјоделски продукти, прогласување на недела за неработен ден и тн. Дел од нив мнозинството го препиша на свое конто, додека дел не прифати.
Борбата продолжува до конечна победа на трудот и враќање на достоинството на македонскиот работник. Левица ќе биде двигател на промените!
Почитувани работници, Нека ни е честит Први мај, Денот на трудот!
Амар Мециновиќ, портпарол на Левица
Катерина Јовановска, координаторка на Социјалниот сектор на Левица
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради