Левица: Поднесовме Резолуција против глорификацијата и рехабилитацијата на фашизмот и нацизмот
Генералното собрание на ООН ја усвои нацрт-резолуција за „Борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за ескалација на современите облици на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција“.
Актуелната владејачка елита, во духот на вазалскиот однос, оставајќи ги своите народни и национални интереси во трет план, послушно се солидаризираше со своите надредени и гласаше против резолуцијата во ООН која повикува на борба против современите појави на фашизам и нацизам.
Квислиншката власт одлучи да не се противи на глорификацијата на фашистичките идеи и тенденции во моменти кога:
Сведочиме на интензивно отворање на културни клубови со имиња на фашисти кои го глорифицираат нацизмот;
️„Историската комисија“ врши ревизија на антифашистичкото минато на македонските партизани, со што нивната жртва се минимизира, додека дејствијата на фашистичките окупатори се релативизираат;
️Измените во учебниците, односно реформите во образованието се спроведуваат согласно желбите на држава – поранешен фашистички окупатор;
️Секојдневно можеме да видиме сквернавање, кршење, крадење или целосно уништување на партизанските споменици кои намерно години наназад не се одржуваат;
️Високи државни функционери на соседна држава постојано искажуваат фашистички и иредентистички идеи кон Македонија.
Пратениците на Левица поднесоа Резолуција против глорификацијата и рехабилитацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици до Собранието на Република Македонија, која под диктат на владејачките СДС и ДУИ и понатаму ја нема на дневен ред, пради вољата на спикерот Талат Џафери.
Ново на Сител
-
Забрана за движење во националните шуми Водно, Гази Баба, Пелистер, Маврово, Галичица засега без режим
-
Пожарникар повреден при гасење на пожарот во Битола, се уште гори на Серта
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Преглед на вестите од светот
-
Здравствените работници и здруженија бараат расчистување на случајот со бебето а не осуда без докази
-
Турските воздухоплови слетаа во Македонија: Помош очекуваме и од други земји за гаснењето на пожарите
-
Бизнисот ќе добие 250 милиони евра од 500-те кои владата ги договори со Унгарија
-
Грчки аналитичари: „Тајното оружје“на Мицотакис не е вето ниту замрзнување на европски фондови