Левица: Се бориме против сите договори кои ги рушат Асномските постулати
„Извршната наредба на Бајден за санкции на сите субјекти кои се против Охридски и Преспански договор е дел од империјалистичката надворешна политика на САД која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции – насилничка политика.
Но, она што е важно за нас да се потцрта, конкретно за интересите на Македонија, е тоа што уште еднаш се покажува дека во борбата за враќање на националната сувереност и достоинство товарот ќе падне на грбот на обичните граѓани т.е. на класата која не располага со капитал со кој може да биде уценувана на ваков начин, бидејќи нив нема што да им земат.
Всушност, ваквите договори како Рамковниот, Преспанскиот и Бугарскиот предизвикуваат регионална нестабилност, а не обратно. Искуството низ годините покажа дека Охридскиот договор е само алатка на задоволување на теснопартиските интереси на ДУИ, кој 20 години е на власт на Македонија.
Доследни на левичарската традиција, партијата Левица ќе продолжи да се спротиставува на сите штетни политики и договори кои се против националните интереси, воспоставени уште од АСНОМ. Од друга страна, додека македонската опозиција е заглавена во западен фундаментализам, не очекуваме автентичен отпор против ваквите договори.“ - се вели во реакцијата на политичката партија Левица.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
