-->
-->
Лезбос: Експлозија пред канцеларијата на поранешен министер
-->
Пред канцеларијата на поранешниот грчки министер за правда Хараламбос Атанасиу, на остовот Лезбос изутринава одекна експлозија после која изби пожар, соопшти полицијата, додавајќи дека никој не е повреден.
Неименуван полициски функционер изјави дека нападот најверојатно е поврзан со бегалската криза која го потресува тој грчки остров, јави Танјјуг.
Полицијата наведе дека во прашање била импровизирана експлозивна направа со плинска боца.
Експлозијата одекна пред канцеларијата на Хараламбос Атанасиу кој во владата на премиерот Андонис Самарас прво беше заменик министер за внатрешни работи, а потоа министер за правда.
После експлозијата изби пожар во кој изгорела канцеларијата.
Засега никој не ја презеде одговорноста за овој напад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ