-->
-->
Либан формираше нова влада по повеќе од една година блокада
-->
– Формирана е нова влада во Либан, со што се стави крај на 13-месечната блокада што доведе до уште подлабока финансиска криза и сиромаштија во земјата, објавија странските агенции, повикувајќи се на кабинетот на претседателот Мишел Аун.
Кабинетот на претседателот денеска соопшти дека е потпишан указот за новата влада, предводена од милијардерот бизнисмен Наџиб Микати.
Либан е без редовна влада од големата експлозија во пристаништето во Бејрут на 4 август 2020 година, што доведе до оставка на кабинетот на тогашниот премиер Хасан Диаб.
Оттогаш имаше несогласувања помеѓу различните политички групи околу составот на идната влада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Анкета: Мнозинството Германци не гледаат изборни бенефити за конзервативците од замената на Мерц
-

Иранскиот претседател повикува на промена во стилот на лидерство во земјата
-

Сончево со мала облачност, максималната температура до 34 степени
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
