Либија: Во судири меѓу милициите загинаа 28 лица

Најмалку 28 лица загинаа и над 100 се повредени во вчерашните судири меѓу завојуваните вооружени милиции во Триполи.
Вооружена група, лојална на владата на националното единство, поддржана од меѓународната заедница, зазеде затвор во јужниот дел на Триполи, каде се затворени водечки личности од поранешниот режим на Моамер Гадафи.
Доцна вечерта, министерствата за внатрешни работи и за правда прецизираа дека сите затвореници им се предадени. Тие се во добра здравствена состојба и се префрлени на безбедно место.
Во вчерашните судири загинаа 28 лица, а 128 се повредени, соопшти Министерството за здравство. Судирите избувнаа изутрината, во квартовите Абу Слим, Хадба и Салаедин, каде се распоредени тенкови и тешко оружје. Вечерта борбите се смирија.
Претставникот на ОН за Либија Мартин Коблер ги повика завојуваните фракции да се воздржат од насилство и да бараат политичко решение.
„Гласот на разумот треба да надвладее во интерес на земјата, треба да биде заштитено цивилното население", се вели во соопштението на Коблер.
Ново на Сител
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
-

ВМРО - ДПМНЕ обвинува за синдикалните протести
-

Цената на нафтата повторно расте - Иран се закани: Ќе стигне до 200 долари
-

Преглед на вестите од светот
