Лица со посебни потреби преку неготинска „Порака” летуваа во Охрид

Изминатите денови 40 лица со посебни потреби летуваа во Охрид, во организација на Здружението за помош на лица со ментален хендикеп „Порака” од Неготино, информираа попладнево од здружението, кое го спроведува процесот на деинституционализација во Македонија, или вадење на лица со попреченост од гломазни институции и сместување во станбени единици од по неколку членови.
- Се работи за 40 лица со посебни потреби од станбените единици кои веќе неколку години ги координира нашето здружение, а се наоѓаат во Неготино и Скопје. Летувањето беше во Љубаниште, а за се да биде во најдобар ред се погрижија и неколку донатори, соопшти Верица Ташева, раководител на Службата за организирано живеење со поддршка.
Таа нагласи дека летувалците имале можност да се запознаат со историските и културните знаменитости на Охрид и да пловат по езерото.
- Наидовме на топол прием од домаќините, со што уште еднаш се потврди дека и лицата со хендикеп многу успешно можат да се интегрираат во општеството, додаде Ташева.
Ново на Сител
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Клучни преговори САД–Иран во Исламабад
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
