Лидер по трошење: Министерот за економија за шест месеци по ресторани потрошил 14.000 евра
Министерот за економија Крешник Бектеши лидер по трошења во ресторани и угостителски објекти во земјава и странство.
Според алатката што ја објави Владата – министерот Бектеши, за шест месеци направил сметка од 14 илјaди евра само за угостителски услуги во земјата и странство. Следен на листата вицепремиерот Бујар Османи, кој за истата намена потрошил близу 13 илјади евра, а трет е министерот за правда кој веќе си поднесе оставка – Билај Салиу со 12 илјади евра. Министерот Алаѓозовски за истата намена потрошил нешо помалку од 9 илјади евра, додека пак Љупчо Николовски нешто повеќе од 7 илјади евра.
Најмалку пари, или по само околу 500 евра потрошиле министрите Оливер Спасовски и Горан Сугарески. Министерот за надворешни, Димитров, кој изминатиот период е постојано на патување поради преговорите за шест месеци за угостителски трошоци потрошил само 2,500 евра. Сепак, неговите трошоци значително се зголемуваат ако во пресметката се вклучат и авионски карти, дневници за патување и вип салони на аеродроми.
Ново на Сител
-
Македонија и Бугарија остануваат посветени на пругата од Коридорот 8
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиолог Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”