Лидерот на Ал Каеда, Аз Завахири, го обвини соперникот од ИД, Ал Багдади, за лажење

Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Ајман аз Завахири, го обвини својот соперник Абу Бакр ал Багдади, првиот човек на Исламска држава, дека лаже за џихадистичката дејност на неговата организација, пренесе американскиот Центар за набљудување на исламистичките сајтови SITE, цитиран од француските медиуми.
Во снимка што центарот ја превел на англиски јазик, Завахири упатува и нови повици кон џихадистите низ светот на прво место да ги напаѓаат САД и нивните сојузници.
Лидерот на мрежата, основана од убиениот Осама бин Ладен изјавува дека се води кампања за искривување на фактите и заплашување, „во која, за жал, учествува и Ибрахим ал Бадри (Абу Бакр ал Багдади)“.
-Тој лиферува лагии за нас, тврдејќи дека не ја отфрламе тиранијата, дека го фалам соборениот египетски претседател Мохамед Морси, и дека сум сакал христијаните да ги повикам да бидат наши сојузници, протестира Завахири.
Лидерот на Ал Каеда ги отфрли и обвиненијата на Ал Багдади дека неговата организација не се бори против муслиманите шиити.
-Во еден од моите говори дадов писмена наредба да се нападнат воените сили, полицијата и силите за безбедност во Ирак, кои се главно шиити, како и шиитските милиции, потсетува Ајман аз Завахири.
На крајот од снимката тој ги повикува муџахадините „џихадот против Америка и нејзините сојузници да го направат свој приоритет".
Ал Каеда и Исламска држава се сметаат за терористички организации. Тие, меѓутоа, се ривали и имаат различна стратегија и тактика, особено во нападите во Сирија, Ирак и Јемен. Ал Каеда, меѓутоа, е во пад, а Исламска држава презеде големи територии во Ирак и Сирија и организира атентати низ цел свет, потсетуваат француските медиуми. с
Ново на Сител
-

Кривична за екс градоначалник на Чашка
-

Македонец во Белград запалил пицерија поради отказ и им праќал видео на газдите
-

Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип
-

Стивнува грипот во Куманово
-

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластувањето
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
