Лидерот на Мост ќе биде еден од вице-премиерите во хрватската Влада
Лидерот на партијата Мост, Божо Петров ќе биде еден од вице-премиерите во новата хрватска влада на Тихомир Орешковиќ, изјави денеска пратеникот од редовите на Мост, Јуро Мартиновиќ при гостување во емисија на Хрватското радио.
- Членовите на владата ќе се избираат во договор меѓу Мост, Татковинската коалиција и премиерот, при што во прв план ќе биде стручноста на секој кандидат, додаде Мартиновиќ.
Во истата радио емисија гостуваше и лидерот на Хрватската селанска партија (ХСС), Бранко Хрг, кој најави дека до 11 јануари ќе биде подготвен закон за намалување на бројот на министерствата во хрватската влада.
- Јапонија има шест министри, а ние имаме 20. Планираме да го намалиме бројот на министри за најамалку пет и да укинеме голем број агенции. Ние ќе предложиме кандадати за министри, но премиерот ќе ги избере, додаде Хрг, чија партија е членка на Татковинската коалиција.
Хрг најави и дека согласно договорот со Мост, Татковинската коалиција ќе го предложи кандидатот за претседател на Хрватскиот сабор, но не соопшти конкретно име за оваа функција.
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ вечерва на познатиот бизнисмен Тихомир Орешковиќ му го врачи мандатот за формирање нова влада на Хрватска, на предлог на Татковинската коалиција и партијата Мост.
Орешковиќ, кој не е член на ниту една партија, има рок од 45 дена да ја формира неговата влада.
Лидерите на Мост и Татковинската коалиција, Божо Петров и Томислав Карамарко во вторникот најавија дека очекуваат новата влада да биде фомирана најдоцна за еден месец.
Ново на Сител
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби
-
ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик