Телото на тинејџерката е пронајдено три дена по исчезнувањето, но убиецот останал нерешена мистерија речиси три децении.
Пресврт во случајот се случил во август минатата година кога колешка на Бас од пекара дознала дека тој е осомничен за убиство. Жената со која работел, а чиј идентитет не е познат на јавноста дошла на идејата „зошто чувстувала морална должност да помогне во истрагата“.
Наводно тајно ја зела лименката сок на Бас и пластичната часа откако завршил со ручекот, а потоа доказите им ги дала на детективите, кои веднаш ги испратиле во лабораторија.
Резултатите покажале поклопување на ДНК од лименката со оние на местото на злосторството.
Адвокатот на Бас тврди дека доказот не смеел да се користи на судењето зошто е резултат на илегално дејство. Но судијата пресудил дека не се нарушени правата на Бас зошто неговата колешка „не работела како агент за спроведување на законот“.
Судењето почнува во април.

