Лишени од слобода двајца тиквешани кои возеле под дејство на алкохол

Лишени биле од слобода двајца тиквешани кои изминатава ноќ возеле под дејство на алкохол, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Синоќа во 23:27 часот, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода З.С.(48) од овој град. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.С. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.82 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес.
Како што информираа оттаму, рано утрово во 02:10 часот, на бул. „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Г.(31) од село Криволак, неготинско. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.Г. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта.
Од СВР Велес додадоа дека по насоки на јавен обвинител, двајцата возачи биле задржани во полициска станица, а возилата биле привремено одзeмени и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биле поднесени соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
